Конечно добра вест од Битола: Пожарот е ставен под контрола, пожарникарите остануваат на терен

Пожарнкарите од ТППЕ Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денес продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве се соочуваме со големи пожари. Состојбата во моментот е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување.

Екипите остануваат на терен се до комплетно ликвидирање на пожарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.