“Конвој на слободата” во Канада: Конвој од камиони долг 64км пристигна во Отава, се пpoтecтиpa пpoтив Koвид мepките (Видео)

Конвој од камиони долг 64 километри, по еднонеделно возење низ Канада, пристигна во главниот град Отава во знак на протест против задолжителните вакцини и мерките против Ковид-19.

Организаторите велат дека се работи за мирен протест, но полицијата презема превентивни мерки.

Премиерот, Џастин Трудо и неговото семејство, од безбедносни причини, беа пренесени на тајна локација за време на протестот.

Протест наречен „Конвој на слободата“ беше организиран поради задолжителната одредба за вакцинација за возачите на камиони кои ја минуваат американско-канадската граница, спроведена претходно овој месец од владата на премиерот Џастин Трудо.

Според оваа одредба, сите невакцинирани канадски возачи кои ја минуваат границата мора да поминат одреден период на карантин при нивното враќање во земјата.

Во знак на протест, коалицијата на камионџии и конзервативни групи организираа протестна колона возила, која тргна од западна Канада. На пат кон источните предели се поголем број луѓе им дадоа поддршка на организаторите.

Тие беа особено поддржани од оние кои не се согласуваат со политичките одлуки на Трудо и кои веруваат дека мерките воведени за спречување на ширењето на пандемијата ги ограничуваат нивните слободи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.