Комуналец се пофали со расад во некогашните прилепски фонтани (ФОТО)

ЈКП Комуналец Прилеп на ФБ објави дека со цветен расад се уредува населбата “Димо Наредникот”.

На фотографиите се гледа дека со цвеќе се украсуваат поранешните фонтани на улицата кои беа прекрасен украс, а сега се минато.

Вистинско време да се потсетиме како изгледаа овие фонтани…

Фонтаните беа поставени од претходната власт, а актуелната ги затрупа во 2018 година, со образложение дека истите ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот и на најмалите.

„Децата, често гејзерите ги користеа за игра, а системите за вода и осветлување користат електрична енергија . Но, секоја изведба и изградба има свој рок на траење и оправданост во функционирањето и пред се безбедноста. Централниот дел, иако во првите две години беше новина за сите нас и украс на градов, последниве години се покажа како нефинкционален и небезбеден, па отука и одлуката, тој да се преуреди во цветна алеа која ќе претставува украс во населбата „Димо Наредникот“. – се велеше во соопштението од септември 2018 година




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.