Со отпаден инертен материјал и отпадна земја се покрива и последната опожарена ќелија на депонијата во Алинци. Депонијата веќе е целосно заштитена за што се употребени над 3500м3 покривка. Огнот целосно беше локализиран во саботата, за што од средата при избивањето на првиот пожар од јужната косина и сртот беше ангажирана градежна механизација, цистерни и товарни возила за дотур на материјал за покривање – информираат од ЈКП Комуналец Прилеп.
-И покрај локализирањето на првиот пожар од 26. 09. 2023 година, на 28.09.2023 година( петок), од сега непознати причин рано утрото, околу 04:00 часот, од западната косина па се до сртот, неочекувано изби и вториот поголем пожар за кој исто стручните лица од ,, Комуналец”, сметаат дека е подметнат. Брзото проширување на огнот повторно зафати голем дел од платото, кое за среќа редовно се покрива со земја и не дозволи огнот да се шири кон средината на депонијата. Со огромна стручна помош од ДЗС, ангажирањето на комуналните работници, ТППЕ, и дополнителен ангажман на градежни машини и транспортни возила од вчера е изгасната и последнат опожарена ќелија на депонијата која зафаќа пристор од 28.600м2 – стои во соопштението од ова јавно претпријатие под чија надлежност е градската депонија кај Алинци.