Средната читалана која е во склоп на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп е комплетно реновирана. Станува збор за промена на покривот, поставување на нови електрични светилки, нови бироа, маси за компјутери. Во средишниот дел е поставена бонсаи градина која претставува вистинско освежување.
„Со ботаничката градина се облагороди просторот во читалната. Оваа инвестиција чини 550.000 илјади денари средства обезбедени од Локалната самоуправа“, посочи во својата изјава Петар Петрески, директор на библиотеката.
Токму во овој дел што се користи како читална и интернет клуб, ќе бидат набавени и 10 нови компјутери, а во одделеот за деца треба да биде обновен интериерот, приоритет на кој ќе се посвети директорот и вработените во библиотеката „Борка Талески“.