Тутунскиот гигант Филип Морис минатата година изврши реконструкција на училишната зграда во подрачното училиште,,Манчу Матак‘‘ во населено место Славеј. Комплетно беа променети сите прозори, беа изградени санитарни простории, подот е комплетно заменет со нов.
Оваа година целосно се реконструираше и кровната конструкција, каде што се поставени висококвалитетни материјали и добар изолационен систем, а со завршувањето на овој проект се создадоа многу подобри услови за работа на наставниот кадар и дечињата кои што се образуваат во оваа установа.
Овогодинешниот проект беше финансиран од страна на ,,Сокотаб‘‘ а, а резултатите од завршената работа дојде лично да ги увиди генералниот директор на ,,Сокотаб‘‘ Господин Џорџ Бејли.