Компанијата “Кожувчанка” и Фондацијата “Никола Јанчев” со нова милионска донација каде што е најпотребно (Фото)

Секој ден посакуваме да е ваков, среќен, каков што е денешниот за пациентите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија.

Денес, Фондацијата Никола Јанчев донираше нова генерација ултразвучен апарат за рано детектирање на промени кај црниот дроб, со можност за еластографија, на клиниката при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје.

Во износ од 2.300.000 ден. ова е уште една од многуте донации која вреди почит кон Фамилијата Јанчеви кои важат за хуманитарни луѓе што водат општествено одговорни компании.

Имено, Фондацијата Никола Јанчев е основана од актуелниот Градоначалник на Општина Кавадарци, г-динот Митко Јанчев кој важи за еден од најпосветените во работата за добро на своите сограѓани, а неговата сестра, г-ѓа Јанинка Чупаркоска е Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка, која со право ја носи титулата – Општествено одговорна компанија. Фондацијата го носи името на нивниот покоен татко кој заедно со брат му ја основаат Кожувчанка од Кавадарци во 1995-та година.

Денес, Фамилија Јанчеви, ги познаваме по нивната способност и напорна работа која ги води до успех и по многуте хуманитарни активности на секое поле.

Јанчеви ја препознаваат потребата од помош и секогаш реагираат со донации за подобро утре на ова наше општество!

Така и денес, г-ѓа Јанинка Чупаркоска прими благодарност за оваа донација, а таа изјави дека секогаш, па и во време на глобална здравствена и економска криза, цел на нејзината Фамилија и Фондацијата Никола Јанчев е да помага на луѓето со поддршка онаму каде е најпотребна!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.