Навивачкаа група Комити најавува протестен марш за утре. Времето и местото на стартот на маршот се уште не се објавуваат. Како што велат од навивачката група во своето известување на социјалните мрежи, сите информации ќе бидат навремено соопштени.
Комити и вечерва имаа мирен собир пред Собранието на Република Македонија каде што запалија свеќа во чест на нивниот другар Саздо.
Пред Собранието дојде и лидерот на опозицијата Мицкоски кој запали свеќа и го остави својот дрес.
Саздо беше нападнат пред 2 недели од 3 лица додека чекал автобус во скопска Автокоманда.
Од тешките повреди вчера почина во болница.