“Комити” спречени да положат цвеќе на гробот од Гоце Делчев во црквата Св. Спас?!

Навивачката група “Комити” денеска кога се одбележуваат 147 години од раѓањето на македонскиот великан и визионер на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, биле спречени да положат цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје.

Нивната реакција на социјалните мрежи ја пренесуваме во целост:

“Денес бевме во црквата Свети Спас да положиме цвеќе и да се поклониме на гробот на нашиот великан Гоце Делчев.

За разлика од сите изминати години денес бевме спречени пред влезот на црквата од бројно полициско обезбедување, со објаснување дека тука ќе престојуваат странски делегации и висока Бугарска делегација, ние треба да почекаме “за да немало инциденти”.

Ние не сме пропушиле ниту една година да изразиме почит на истото место во исто време како на овој ден така и на 4 Мај, и досега никогаш не се случил ниту еден проблем ниту опструкција.

Доаѓале и предходно странски делегации, амбасадори, политичари како и почитувачи на ликот и делото на Гоце Делчев, и секогаш со респект и воодушевување сме гледале кон сите нив бидејќи изразуваат почит кон револуционер, идеен деец и великан кој животот го дал за својата земја Македонија!

Прашуваме отворено зошто некој би имал индиции или сомневање дека оваа година би било поинаку, и зошто би имало инцидент со Бугарски политичари или делегација кои се поклонуваат на гробот на херој кој го посветил и на крајот положил животот за Македонија во нејзините природни историски и етнички граници?

Воедно бидејќи од сега па натаму ние граѓаните од втор ред треба да најавуваме специјално доколку сакаме да го посетиме гробот на нашиот Војвода Гоце Делчев, уште од сега уредно најавуваме делегација од 500 Комити за 4 Мај.

За крај, со цел да нема “инциденти” денес граѓаните од втор ред, беа приморани да си одберат 5 луѓе први да го положат цвеќето, и за 3 минути да ја напуштат црквата…
Слава ти хероју Македонски !!!”
, напишаа од навивачката група “Комити” на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.