“Комити” пред Собрание се расчукаа за Македонија!!!” (Видео)

Навивачката група ,,Комити” во 21:00 часот синоќа на ден Божиќ чукаа со тапани, со што го изразија својот револт за планот на Владата да го промени уставното име на државата.

Еве што напишаа на својот фб профил:

“Ни велат не чукајте ‘за џабе е, Македонскиот народ не го буди ниту артилерија од најголемиот калибар…’
Ни велат, ‘остајте договорена е работата помеѓу големите партии, народот не одлучува ништо и никој не го прашува…’

Не уверуваат дека ова било ‘консензус на големите сили кои повторно како и низ историјата одлучуваат за ова наше парче земја, третирајќи не нас како објект а не субјект, страна во историскиот момент, да ни укажуваат дека ние немаме право на свој став’

Ни велат ‘откажете се никој нема да излезе да чука, луѓето се исплашени, истрошени, изгорени од лажните патриотските приказни кои им беа сервирани од ‘оваа или онаа страна’…’Отпорот бил залуден’ итн…

Што да се каже, можеби се во право, можеби примарниот инстикт навистина ни укажува да се откажеме затоа што шансите за успех се многу мали, речиси непостоечки…

Но оној секундарниот, нашето длабоко јас, нашата потсвест ни е немирна, затоа што и досега не сме сториле доволно за да го разбудиме овој народ…Оставивме да биде препуштен на манипулаторските способности на политичарите и здруженијата кои без никакви идеали, со краткорочни цели и без национален консензус и по такви клучни прашања го носат цел еден народ во погрешна насока, продавајќи му погрешни вредности, залажувајќи го со морковче додека ја користат моќта на народот за трупање на личните богатства…

За нас досега беше непознато како такви, барем на хартија, идеолошки разлики помеѓу опонентите можат да исчезнат и толку брзо, без никаков отпор, да се обединат во злосторството против својот народ…
Оставени сме сами на себе, немаме поткрепа од никого, оние кои треба да ја бранат Македонија се всушност нејзините агресори…тажна реалност….

Но дури и во толку безнадежна ситуација, нели ве јаде бе она Македонското во вас, нели ви расте оној Пиреј на сите страни кој дури и кога изгледа залудно и бесцелно, ве тера на отпор, како вроден инстикт за самоодбрана, природен одбранбен гард, воинствен дух, чувство на обесправеност…
Сите го имаме тоа во нас, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ!

Крвта не е вода! А низ нас целите е присутен дел не само звездениот материјал и земјата од каде сите сме создадени и каде на крајот повторно ќе отидеме, туку и цел еден генетски материјал на славни јунаци кои биле некој и нешто на овие простори, владееле со големи територии, ја ширеле културата и писменоста…

Биле Македонци, се чувствувале како Македонци, се обединувале со тоа име, местото каде живееле се викало Македонија уште откако постојат историски записи за развојот на човештвото и цивилизациите, многу пред Христа…Биле Македонци и под Римјаните, под Византиско владеење, под Отоманската империја, под принудното вклучување во Кралството СХС, во Југославија, во Македонија…

Ако тие биле Македонци и издржале во тоа под многу посурови услови од сегашните, зошто сега да се доведува во прашање дали и ние ќе бидеме? Зошто треба да гледаме како нашата мајка ја прекрстуваат против нејзината волја, против волјата на нејзините синови и ќерки? Зошто? Затоа што дел од нејзините чеда се спремни да ја предадат за ситни или крупни пари? за позиции? за тендери? која е цената?

Излезете вечерва на тераса, на улица, во двор, населба, пред Жена Парк… Излезете и Чукајте затоа што чукањето вечерва на овој Божји ден ќе не успокои, ќе ни го даде оној мир кој ни е потребен, Божји мир…Чукајте за да се ослободите од стравот! За да ја повикате храбороста!

Чукајте за да се сетите кои сте, од каде сте, каде живеете! Вие денес со чукање можете да направите чуда…Можете да мобилизирате една голема Црвено Црна Армија! Можете да мобилизирате една уште поголема Црвено-Жолта Фаланга која ќе ги испружи Сарисите по својата должина и непријателот ќе го однесе на безбедна дистанца.

Нашиот едновремен глас, крик, чукање може да го пробие и најутврдениот бедем, затоа што муницијата е неконвенцинална, Чукнете да ги потсетите дека во оваа земја живеат Македонци!

Ненасилно а симболично, затоа што симболиката вечерва има посебен шарм и моќ! Чукајте и разбудете го бунтовникот во вас, оној дел кој не дозволува вам и на вашето најмило да му се случува неправда!
Чукајте силно за Македонија!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.