Комити почнуваат со блокади на раскрсници: “Нека надлежните институции по допрен глас бидат известени за нашите намери”

Навивачката група на најтрофејниот македонски спортски колектив, Вардар, популарните Комити најавуваат дека наскоро ќе почнат со блокади на раскрсници. Во последниот пост објавен на социјалните мрежи со кој го најавуваат традиционалниот турнир во мал фудбал “Во чест на отсутните“ Комити велат дека наместо на игралиштата ќе се одржува на скопските раскрсници.

„ Во однос на изминатите 10 години оваа година турнирот ќе биде од јавен карактер и наместо на познатите локации ќе се одржи на една или повеќе клучни крстосници во нашиот главен град!

Нека надлежните институции по допрен глас бидат известени за нашите намери.“ – велат Комити.

Ден претходно, Комити исто така преку социјалните мрежи најавија дека ќе организираат протести против како што тие велат, репресиите кои систмеот ги врши врз нив и ударот кој „новиот режим“ и го задава на Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.