Режимот се чувствува загрозен. Режимот чувствува дека народот се обединува. Режимот режирана пропаганда со цел да го разедини и разнебити народот. Режимот живее само кога народот е поделен. Режимот не снима кога се веселиме и навиваме. Режимот го казнува нашето навивање и нашата црвено-црна љубов.
Режимот потенцира дека казните ги пишува поради “каменувањето на полицајците” – лажните лиферувани вести креирани и пренесени преку средствата за масовно информирање кои му се под целосна контрола.
Режимот ги оддалечува режимските механизми на принуда од народот преку нивно разграничување и оддалечување едни од други, затоа што обединет народот може да се сврти против режимот. Народот го прават непријател, а потоа на механизмите на принуда народот им станува легитимна мета.
Режимот применува селективна правда со цел остварување на личните интереси, заштитата на сопствениот капитал, и ништење на личните непријатели. Режимот наредува – “слугите на режимот” спроведуваат! Режимот апси – Режимот казнува селективно!
Да живее режимот или Cmpт за Режимот ! До нас е, не е до нив ! Македонци Обединете се !!!
#ЌеСтрадамеНоНеСеПредаваме #ВардарВоСрцето #МакедонијаВоДушата