Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот, пренесува „360 степени“ повикувајќи се од владини извори.
Комисијата наводно овој предлог ќе го достави до Владата, и се очекува да биде усвоен на владина седница.
Скратувањето на работното време како предлог денеска бил разгледан и одобрен од владиниот kpизен штаб.
Венко Филипче вчера во интервју за ТВ Сител, рече дека ако мерките не даваат резултати, ќе биде разгледано целосно затворање на угостителските објекти неколку часа порано од сега во 23 часот.