Колку пари може да се заработат на Youtube ?

Screenshot_1-65-640x417

Многу “влијателни јутјубери” заработуваат неверојатни суми на пари од своите видеа. Најплатените YouTube ѕвезди се милиониери.

Како е тоа можно и за колкава сума станува збор ?

На овие прашања се обиде да одговори сајтот Quora,  наведуваќи дека е важно да знаете дека не ве плаќа YouTube директно, туку AdSense  кој се занимава токму со монетизирање на YouTube, пренесува Biz Life.

Благодареќи на оваа програма можете да ја користите и Google платформата, да поставувате содржини и да таргетирате публика, а на крај сето ова да го наплатите. Оваа програма собира милијарди долари на Google, а претставува најсовремен изум на вештачката интелегенција со оглед на тоа дека е невозможно да се излаже, а има и сложен начин на поставување огласи, плаќање на издавачите или креаторите на содржини користеќи ја CPM формулата.

Според наводите на Quore Google пишува дека не постои едноставен одговор на прашањето: КОЛКУ МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ? Тоа зависи од многу фактори. CPM ( Cost per mille) цена по илјада.

Значи, ако вашиот CPM e еден долар, тоа значи дека ќе добиете по еден долар на илјада прегледи. Вашиот CPM може да биде 0.1 или 10 се зависи од тоа дали на видеото има видео игра, музика, авторско видео, едукација, комедија…

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.