Маринко Роквич вчера на 29 ноември бил на сослушување во полициската станица каде ја раскажал својата приказна.
Против Маринко Роквич најверојатно ќе биде поднесена кривична пријава за насилничко однесување, бидеќи во саботата на паркингот на Делта Сити физички се пресметал со момчето И.А. и со неговата девојка. За ова дело може да се добие и казна затвор.
Според постоечките закони во Србија, за ова кривично дело може да се добијат и до три години затвор. Секако, при определувањето на казната се земаат во предвид и многу фактори, како: нанесените телесни повреди, дали тие се нанесени во самоодрбарана или не, изјавите на сведоците…
Маринко нема да биде приведен бидеќи по редовен пат ќе биде поднесена кривична пријава за насилно однесување.
Ф.Г.