Добро познато е мислењето дека во Германија платите се високи, па поради тоа младите се одлучуваат да работат и живеат во оваа држава.
Бројките не лажат, но сепак треба правилно да се прочитаат.
Така што, доколку во Германија ги прашате луѓето колку заработуваат, ќе добиете одговор за бруто, а не за нето платата. Ако воопшто добиете одговор, бидејќи Германците тоа прашање го сметаат за мешање во приватноста.
Статистиките сепак покажуваат дека просечната месечна бруто плата во Германија во 2018 година изнесувала околу 2.950 евра. Просечната нето плата, односно она што им е исплатено на вработените, е значително пониска. Односно, 33 проценти пониска- и изнесува 1.945 евра. Значи постои околу 1000 евра разлика измеѓу нето и бруто износот.
Висината на данокот кој месечно се одбива од платата зависи од даночната класа на вработените (ги има шест), а која зависи од тоа дали сте во брачна заедница, дали сте самохран родител, дали сопругот/гата работи, далие едниот брачен партнер заработува значително повеќе, дали работите повеќе работи итн.