КОЛЕДАРСКА ЛИТИЈА

Во пресрет на Коледе и Божик, повеќе од педесет деца од сите основни училишта во градот, пристигнаа во Локалната самоуправа да го најават Христовото раѓање преку коледарска литија, со песна и веселба.

Топол пречек им приредија домаќините, а градоначалникот Ристески како татко на градот го испочитува редот и на сите гости им подари по две пакетчиња, едното божиќно полно со костени, ореви, јаболка и бонбони, а другото новогодишно.

Поворката тргна од црквата “Св. Кирил и Методиј”. Децата, пеејќи ја Божикната песна “Вечниот Бог”, посетија повеќе домови и институции во градот. Со возобновувањето на оваа традиција, според свештенослужителите, се зацврстува вербата во Бога и во наштата православна вера.

Градоначалникот Марјан Ристески на сите православи христијани им ги честита Божиќните празници со желба за многу здравје, радост и успеси.
Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.