Колач со костени како измислен за неделно изненадување на најблиските (РЕЦЕПТ)

Овој колач брзо се подготвува, а е неверојатно вкусен и ароматичен.

Потребно е:

125 г путер, 150 г шеќер, 3 јајца, 200 г брашно, 50 г мелени бадеми, 200 мл млеко, 150 мл слатка павлака, 200 г костени, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за пециво, 1 лажиче цимет, 50 г сецкано чоколадо

За украсување:

100 г чоколадо за готвење
2 лажици слатка павлака

Подготовка:

– Костените сварете ги, исчитете им ја внатрешноста и испасирајте ги.

– Во еден сад измешајте ги сите суви состојки.

– Млекото измешајте го со пирето од костени и на крај додадете ја слатката павлака.

– Пенесто изматете го путерот со шеќерот и постепено додавајте едно по едно јаце со постојано матење. Потоа во оваа смеса додадете ги сите суви состојки, а потоа и мешавината со млеко и пире од костени и измешајте со лажица.

– Калапот за куглов намастете го убаво со путер и посипете го со малку брашно. Сипете ја горната смеса во калапот одозгора посипете ја со сецкано чоколадо.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути, но најдобро е по 40 минути да проверите со чепкалка за заби дали е печен.

– Готовиот куглов полијте го со растопено чоколадо со две лажици слатка павлака во него и по желба да го посипете со крупен шеќер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.