Многу брза и многу вкусна блаклава, со богат вкус на кокос.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г кори за пита, 3 јајца, 1 шолја (200 мл) шеќер, 1 шолја масло, 1,5 шолја јогурт, 200 г кокос, 1 прашок за печиво
За шербет:
4 шолји вода, 3 шолји шеќер, 1-2 ванилин шеќер
ПОСТАПКА:
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете масло, јогурт и на крај кокосово брашно со прашок за печиво. Сето добро соединете го.
На работната маса ставете еден лист кора, премачкајте ¾ од кората со фил, прекријте со половина од листот (може да го свиткате и целиот лист, па ќе добиете поголеми парчиња, а можете и веднаш да виткате, без да поклопувате со друг лист), па свиткајте во ролат.
Така свиткани редете ги во голем плех премачкан со масло. Постапката повторувајте ја додека да ви се потрошат состојките. Потоа исечете ги на парчиња со големина по ваша желба, прелијте со малку масло, па печете на 200 степени.