Кожуф однесе три бода од Прилеп – Победа го одигра последниот домашен натпревар за сезонава

Фудбалерите на Победа попладнево го одиграа последниот овосезонски натпревар на домашен терен. На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп гостуваше екипата на Кожуф од Гевгелија, која забележа 3 бода.

Гевгеличани погодија преку Сашо Дуков и Петар Гугуљанов во 63. и 68. минута, а прилепчани го ублажија поразот со убав гол на Јасин Казимоски.

Победа остана во долниот дел на табелата со 32 освоени бода, а во последното коло ќе гостува кај Детонит во Радовиш.

На дното од табелата веќе е се’ јасно. Борец и Вардарски се селат еден ранг подолу, а Осогово ќе игра плеј-аут.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.