Кожувчанка донираше спортска опрема за децата во Воспитно поправниот дом во Тетово (Фото)

Во текот на годината што изминува компанијата Кожувчанка од Кавадарци донираше многупати онаму каде што помошта е најпотребна. Така и денес, на крајот од истата, оствари донација на Воспитно поправниот дом за деца штитеници од Тетово.

Грижејќи се за здравјето на децата штитеници и нивната физичка активност, Кожувчанка ДОО им подари спортска опрема, тренерки, маици и фудбалски топки. Исто така за потребите на Воспитно поправниот дом обезбеди и средства за дезинфекција и хигиена, како и пијалаци.

Оваа донација на компанијата Кожувчанка, со своето присуство како поддршка, ја поздравија и Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ и Претседателот на Основен Суд-Кавадарци, г-динот Лазар Нанев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.