Кое домаќинско осигурување покрива штети кон и од соседите? – Разговараме со раководителот на прилепската експозитура на СН Осигурителен брокер

Кое домаќинско осигурување покрива штети кон и од соседите?

– Пакетот СН Дом покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, поплава од внатрешни инсталации, кршење на стакла и инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провални кражби, разбојништво…

Граѓаните се почесто бараат домаќинско осигурување кое покрива штети кон и од соседите, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола врз основа на досегашното искуство со осигурениците.

На овој начин сакаат да се заштитат од потенцијални ризици кои доаѓаат од соседите и кои би можеле да го загрозат нивниот имот, но и ризици кои потекнуваат од страната на имателот на полисата, а кои би можеле да нанесат штета како кај осигурениот имот така и кај соседите.

„Ваков тип на осигурување кој ги опфаќа ризиците од штети кон и од соседите е особено практичен кај станарите во колективни згради, бидејќи ризиците од типот на пожар или поплава не го засегаат само имателот на полисата, туку и неговите соседи. Од тука најчесто го препорачуваме пакетот СН Дом за домаќинско осигурување.“-вели Дарко Вренцоски, раководител на експозитурата на СН Осигурителен брокер во Прилеп.

Тој појаснува дека во пракса такви се и случаите со пукање на цевки и излевање на вода во домот. “Граѓаните често прашуваат дали кога се случуваат одредени штети во осигураниот стан осигурувањето покрива штети кон соседите и штети од соседите. На пример прашуваат што се случува ако протече вода од горниот стан кон осигурениот стан, или ако протече вода од осигурениот стан кон друг стан во соседството. Овој пакет ги покрива и тие ризици. Тоа значи дека кога некој го осигурува домот со пакетот СН Дом, тогаш индиректно го осигурува и домот на соседите во однос на некои ризици како што е излевањето на вода.“-појаснува тој, додавајќи дека и излевањето вода може да доведе до големи финансиски штети.“На пример кај пукната цевка, водата се излева, ги зафаќа вратите, паркетот. Ако вратите и касите се подујат од водата, ако водата излезе надвор од бањата и зафати дрвени подови, ламинат или паркет и истите се оштетат, тогаш се признава и тоа. Пакетот СН Дом ги покрива овие ризици. Покрај пукањето на цевката, се признава во одреден дел и копањето, замена на плочки, како и повторно лакирање на паркет ако за тоа има потреба, односно се што може да настане како последица на тие ризици.“- објаснува Вренцоски.

Покрај тоа, овој пакет по пристапна цена покрива голем број ризици. „Осигурувањето за една цела година го добиваат за сума од околу 1200 до 1800 денари зависно од квадратурата на осигурениот имот, што е навистина пристапна цена. Исто така може да се плаќа на рати, со што месечно би имале издаток од околу 100 до 200 денари, зависи дали ќе го изберат пакетот СН Дом Комфорт или СН Дом Ексклузив, кој покрива и дополнителни ризици. Затоа настојуваме што повеќе да ги информираме граѓаните да разберат колку е сеопфатен овој пакет и колку многу поволности нуди, а сепак ценовно се вклопува во понудата на пазарот. Што значи за иста цена со овој пакет граѓаните добиваат многу повеќе.“-вели тој.

Всушност, преку калкулаторот на веб страната на СН Осигурителен брокер секој брзо и лесно може да пресмета колку би чинело осигурувањето на неговиот стан или куќа. За да се добие годишна цена за осигурување потребно е само да се внесе квадратурата на станот и да се избере пакетот.

Пакетот СН Дом покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, поплава од внатрешни инсталации, кршење на стакла и инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провални кражби, разбојништво…

„Пакетот СН Дом е единствен од овој тип на пазарот, како заради цената, така и заради обемот на ризици кои ги покрива. Во овој пакет има неколку ризици кои се единствени и кои што ги нуди единствено СН Осигурителен Брокер на пазарот. Меѓу нив е и осигурувањето на членовите на домаќинството. Тие се опфатени со осигурување од незгода. Тоа значи дека покрај тоа што е осигуран домот, осигурани се и членовите кои живеат во тој дом.“-вели Вренцоски, додавајќи дека сите заинтересирани можат да добијат дополнителни информации во најблиската експозитура на СН Осигурителен Брокер низ целата држава или на телефоните 15 770 и 071/214-646.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.