Џенифер Лопез не излегува од теретана, а резултатите се повеќе од очигледни. Покрај генетиката, секако голем удел имаат и напорните тренинзи кои Џеј Ло не ги пропушта иако наскоро треба да наполни 50 години.
Порториканката важи за една од најзгодните жени во светот. Во секаква комбинација која ќе ја облече таа плени со сексипилот, а тоа го докажуваат и фотографиите кои настанале по вежбањето, кога папараци ја фотографирале додека таа излегува од теретана.
Таа редовно вежба заедно со својот партнер Алекс Родригез, а кога ќе облече хеланки нема кој ќе го тргне погледот од нејзиниот задник.