Кога ќе речат: “Што не шета по земјата”, тоа навистина е така: Во ова изолирано место момчињата поминуваат низ болен обред за да станат мажи

Во Папуа Нова Гвинеја, на источната страна на вториот по големина остров на светот, 80% од луѓето живеаат во селски предели. Многу од нив живеат во најдалечните и изолирани места и немаат никаков контакт со останатиот свет. Таму и ден денеска се почитуваат традиционалните ритуали.

Духовните куќи во должина на реката Сепик се жаришта за регионалниот систем на верувања во кој се почитуваат духови, кои пак се манифестираат како животни. Овие куќи се богато украсени со мурали и предмети од сите врсти на животни, од свињи до змии и орли. Сепак, како најмоќни се сметаат крокодилите.

Во еден од најекстремните обичаи, мажите ја сечат кожата на грбот и рамената за да изгледаат како крокодили.

“Во духовните куќи момчињата ги носат нивните роднини. Обредот трае час или два, а некои од нив се онесвестуваат од болки”, вели еден од жителите за “Би-Би-Си”.

Се верува дека ова жртвување означува чистење од крвта на нивната мајка и добивање на сопствена крв.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.