Ибраим Седеф од Турција имал многу непроспиени ноќи, бидејќи мечките му ги yништувале кошниците и залихите со медот.
Ибраим најпрво поставил заштита околу медот, но тоа не помогнало. Потоа поставил ноќни камери со цел да го истражува однесувањето на мечките кои доаѓаат во текот на ноќта.
Ибраим целосно ја променил тактиката. Наместо да ги брка мечките, тој им поставил примероци со мед и ги направил негови дегустатори. Снимката од дегустацијата ја споделил со медиумите и така добил бесплатна реклама.
Имено, се покажало дека мечките имаат многу “скап” вкус, па најмногу уживале во медот Анзер, чија цена достигнува и до неколку стотици евра за еден килограм.