Фото/Ј.Zigic/RAS SRBIJA
Триесетина храбри граѓани излегоа на традиционалната трка по гаќи покрај Дунав во главниот град на Србија.
Учесниците на разголената трка облечени во долна облека и костими за капење тврдат дека контролираната изложеност на ладно е најдобриот начин за зајакнување на имуниот систем и подмладување на телото.
Тие додаваат дека не учествуваат во трката заради победа, рекорди или медали, туку за здравје и забава.