Членови од планинарските здруженија “Момата” и “Прилепски планинарски авантуристи”, покажаа дека се’ се може кога се сака.
Овие вљубеници во прирорада денеска успеаја да искачат две шпориња на дрва до планинарскиот дом на Селечка Планина, “Томе Темелкоски”, а денот го искористија и за освежување на ова планинарско збиралиште.
Целиот дом беше молерисан со фасадна боја, а одново беше исфарбана и дограмата. Поставен е нов рефлектор и целиот отпад е симнат до место за одлагање во градот.
Од ПСД Момата за оваа акција упатуваат благодарност до сите кои помогнаа, особено до Кирил Јандреовски и пекара “Маја”, кој ги донирал двата шпорети.
Од Здружението најавуваат следна акција за скоро време, се со цел ова планинарско култно место да продолжи да живее и да има што подобри услови за вљубениците во природата.