Министерството за здравство набави два медицински апарати за потребите на болницата во Прилеп. Станува збор за лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедското одделение со 4К резолуција.
Вредноста на двата апарати е околу 20.000.000 денари.
-Станува збор за лапароскопски столб од фирмата Olympus, со кој ќе се работат два типа на операции: лапароскопски и ендоуролошки. Лапоароскопија е минимално инвазивна метода, каде што, преку неколку отвори на преден стомачен ѕид, се внесуваат инструменти во абдоминалната празнина. На овој начин би се оперирале тумори на бубрег (радикална нефректомија), афункција на бубрег (симплекс нефректомија), цисти на бубрег (редукција ), варикоцела (проширени вени на лев тестис ).
Ендоуролошкиот пристап подразбира TURT (transurthral resection of the bladder tumor ) и TURP (transurethral resection of the prostata). Столбот има можност за ресекција со монополар и биполар. Биполарнарата ресекција е многу корисна, бидејќи во исто време и ресецира и коагулира, така да има минимална крвозагуба. Треба да се напомени дека досега TURT се работеше рутински со стар лапароскопски столб, а TURP ќе биде новина
Артроскопски столб е од фирмата Smith & Nephew, со LCD екран, и е направен по највисоките стандарди за артроскопски интервенции на колено, рамо и скочен зглоб. Со добивањето на овој современ апарат артроскопските интервенции ќе станат рутински операции во прилепската болница. Досега редовно се извршуваат артроскопски интервенции на колено 50-70 во една календарска година, а наскоро се планира артроскопски интервенции на скочен и рамен зглоб – појаснуваат од прилепската болница “Борка Талески”.
Денеска во посета на болницата беше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со директорот на болницата, Кире Јоноски, ги ставија во употреба двата нови апарати.