Твит кој денеска одекна и кој треба да биде пример за соживот во целата држава. Кога политиката нема да замеша прсти тоа изгледа вака
Деновиве во Скопје, во населбата „Методија Андонов Ченто“, околу 120 благочестиви млади дечки учествуваа во хуманитарен турнир во мал фудбал, со цел да помогнат во собирањето средства за изградба на храмот „Свети Архангел Михаил“. Поделени во повеќе екипи, учесниците организираа вистински натпревар, чиешто финале се одржа вчеравечер. Победник на натпреварот беше екипата „Бигорски Манастир“, чиишто членови ја нарекоа со ова име по повод Илјадагодишнината на Бигорската Обител. Воедно, тие на Бигорски му ја посветија својата победа и пехарот за прво место.
-Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи и Бошњаци, поделени во 10 тима го завршија хуманитарниот турнир за доизградба на Church Свети Архангел Гаврил во Скопската населба Ченто.
Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи и Бошњаци, поделени во 10 тима го завршија хуманитарниот турнир за доизградба на ⛪️ Свети Архангел Гаврил во Скопската населба Ченто.
–
Се беше по протокол против Ковид 19, Колина судеше ТОП, догодина пак, highlights од финале ? pic.twitter.com/AzxNzdJEDq— Демир (@Trollowsky) September 28, 2020
Храмот Св. Архангел Гаврил во населбата Ченто беше осветен на 21.11.2017 година во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски Г Г Стефан, а сега целосно заврши неговата доизградба.