Кога нема лидер, одбраната прима 38 голови од фенерџијата БИСИНОВ

Ракометарите на Бисинов и Прилеп го одиграа можеби најдраматичниот натпревар во 21. коло од Супер лигата. По речиси изедначеното прво полувреме во кое головите паѓаа како дожд на двете страни, велешани беа поуспешни и заминаа на пауза со 23:20.

Во вториот дел домаќините беа далеку помотивирани и од минута во минута ја зголемуваа предноста, па во еден момент беше плус 10 (34:24), што е уште еден доказ дека на Прилеп и тоа како му недостига лидер во одбраната.

Сепак, домаќините се опуштија, па Прилеп успеа да ја надополни негативата. На 90 секунди до крајот беше 37:36.

Велешани постигнаа гол за 38:36, но потоа набрзина направија две грешки, а Прилеп изедначи.

Гостите имаа шанса и за триумф во последните секунди од натпреварот, но Шабановиќ не постигна гол од чист зицер.

Прилепчани веќе одамна ја изгубија борбата за место во плеј-оф разигрувањето, па и оваа сезона ќе мораат да бркаат опастанок во најелитното ракометно друштво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.