Кога луѓето се инспирирани лесно ги преминуваат границите: Промоција на книгата “Тајната за Розата Дафне” од Благица Наумова

Промоцијата на книгата “Тајната за Розата Дафне” од 21-годишната авторка Благица Нумова ќе се одржи утре (16.04.2022) во “Кафе Монарка”.

“Писателот Благица Наумова го претставува светот како олицетворение на длабока љубов и страст, пред која и разумот молчи. Дали страста е почеток на љубовта, но истовремено и нејзин крај, слепа точка од која нема враќање назад? Совршениот сплет на метафорични дијалози би го поттикнал секој читател, да се прашува дали љубовта е единственото нешто за кое човек живее. Сметам дека е книга, која води кон прашањето за што, всушност, човек живее.

Книга што би била душевен одмор за секој, а воедно и инспирација што би го водела читателот кон философска контемплација за љубовта, страста и смртта. Средновековниот замок, со своите мистерии, ширум ги отвора вратите за оние кои сакаат да чувствуваат благопријатна љубовна болка, скриена под небесната шир на Москва и поведува низ лавиринтот на љубовниот копнеж и човековите страсти”, вели професорката Марија Кулеска која воедно е и промотор на ова прекрасно дело.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.