На почеток сме на уште една нова година, година која ние вработените и учениците од ООУ„ Кире Гаврилоски-Јане“ се надеваме дека ќе биде уште поуспешна или во најмала рака еднакво успешна како изминатата 2015 година.
Измина 2015, година која за ООУ„ Кире Гаврилоски-Јане“ ќе остане запаметена како најуспешна. И не случајно велиме дека изминатата 2015 година за нас е најуспешна, иако и минатите неколку учебни години нижевме успеси на сите полиња. Успешноста е резултат на одличната комуникација и соработка со: родителите, Локалната самоуправа и Министерството за образование и наука.
Од многуте реализирани проекти и активности ќе се осврнеме на неколку кои се најзначајни и најголеми. Од неуморноста и креативноста на наставниот кадар и одличната соработка со Советот на родители – нивните идеи и сугестии, произлегоа многу корисни проекти и активности, а најзначајни од нив ни се: Денот на здрава храна, Велигденскиот панаѓур, многубројни работилници итн. Одличната и континуирана комуникација со родителите има клучна улога во заедничкото воспитување и образување на учениците.
Велигденскиот панаѓур има за цел да ја поттикне креативноста и претприемачкиот дух кај учениците, но исто така, да го поттикне хуманото кај секој во пресрет на големиот христијански
празник Велигден.
Денот на здравата храна е наша идеа која произлезе пред три години и има за цел да ја развие свеста кај учениците, но и кај возрасните за користење на здравата храна како предуслов за добро здравје и квалитетен живот.
Сето ова допринесе да се препознае способноста и посветеноста во работата на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, а со тоа и бројот на родители кои ни ги доверуваат нивните деца, а наши ученици да се зголеми, односно бројот на првачиња од година во година да биде се поголем. Во 2015 г. во училиштето се запишаа 126 првачиња што представува рекорд во изминативе дваесетина години.
Покрај тоа што училиштето напредува на организациски и воспитно-образовен план реализирани се и многу проекти од инфраструктурен карактер:
- Променет е кровот на училишната зграда;
- Променета е комплетно старата дотраена дограма со нова ПВЦ дограма;
- Инсталирана е превектронска громобранска заштита;
- Санирана е фасадата и адаптирани се наставничките кабинети;
- Изграден е ученички парк со училници на отворено;
- Набавени се голем број наставно-образовни помагала;
- Реконструирани се санитарните јазли;
Последните два проекти реализирани во 2015 година ни се најдраги и најдолго очекувани: промена на дотраените и стари подови со нови подови од линолеум и воведување на централен систем на греење (парно греење).
- Промена на подови – подовите чија старост беше колку и училишната зграда беа извор на прашина, предизвикуваа алегрии, собираа влага. Промената на старите подовите во училиштето заврши во месец август и ги опфати сите училници и кабинети. Новите подови имаат предност во одржување на хигиената, со антибактериски и антистатични карактеристики и се со голема издржливост. Проектот беше финансиран од Локалната Самоуправа – Прилеп.
- Централен систем за греење – потребата за центален систем на греење постоеше од основањето на училиштето, но досега ваквата идеа не беше реализирана. Потребата од соодветни услови за работа и современ начин на греење беше повеќе од потребна. Изминатава 2015 г. ваквата желба и потреба стана реалност. Целото училиште во текот на летниот распуст беше опремено со сопствен центален систем на греење по најсовременена технологија. Реализацијата на овој капитален проект многу ги подобри условите за работа и пред се за учење. Подобрена е хигиената, имаме рамномерно загревање на училниците, кабинетите и ходниците, а најважно од се – го нема чадот од печките на тврдо гориво.
За целокупниот напредок и за реализирани проекти, како од наставен така и од инфраструктурен карактер и добиени признанија, оваа година на предлог на Советот на родители, Советот на Општина Прилеп одлучи ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ да се закити со највисокото општинско признание – наградата 3ти Ноември.
Следен капитален проект кој што треба да се реализира во училиштето е изградбата на спортска сала , потреба која што е актуелна од самото одпочнување со работа на училиштето.
Сите реализирани проекти ,сите добиени награди и признанија, а најмногу од се довербата што родителите ни ја даваат, се огромен поттик и мотив да продолжиме уште посилно и посветено да работиме во подигнување на нашите најмлади во здрави образовани индивидуи кои треба да ја градат нашата иднина.