Ковачески: “Ќе го поканам бугарскиот премиер во нашата земја”

Ковачевски истакна дека како претседател на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада ќе се води од принципите на заедништво, одговорност, посветеност и ефикасност, со цел и СДСМ и Владата уште повеќе посветено да работат за граѓаните и подобрување на животниот стандард.

– Ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Остануваме посветени на наоѓање решение со соседна Бугарија за да продолжи нашиот европски пат. По изборот за премиер ќе го поканам господинот Петков да ја посети нашата земја. За нас е најважно да направиме план, заедно со бугарската влада, за отстранување на блокадата час поскоро, секако со заедничко прифатливо решение.

Ние треба да останеме посветени и ангажирани во разговорите со искрен пристап. Ако ист таков пристап има и новата бугарска влада, верувам дека е можно да изнајдеме компромис за отворените прашања – рече Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.