Ковачевски со обраќање до нацијата: За само 50 дена покажавме дека умееме да се справиме со предизвиците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во видео обраќање до јавноста се осврна на продлабочената економска криза, како и на пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, кој Владата го донесе со цел заштита на граѓаните и стопанството.

„Живееме во време на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина. Економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните, но ние мора да бидеме подготвени и да планираме како ќе го премостиме овој бурен период. Кога пред 50 дена кога ја преземав функцијата премиер реков дека ова ќе биде кризна година полна предизвици. Свесни за ризиците по економијата и животниот стандард, ги насочивме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите.

Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, го решивме проблемот со затоплување во Скопје, ги поддржавме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите“, кажа премиерот Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.