Премиерот е задоволен од сите нови директори на државни институции и претпријатија кои се именувани откако тој е претседател на Владата.
На новинарско прашање за време на прес-конференцијата со европратеничката Ираче Гарсија Перез, Ковачевски одговори:
– Има позиции на кои што има нови директори и не треба да се прават сензационализми за платите, туку да се изберат вистински луѓе на вистинско место. Ја откако сум дојден, имаме нов директор на Македонска пошта, имаме нов директор на Фондот за здравство, нов директор на Санитарен и здравствен инспекторат, нов директор на Финансиска полиција и низа други директори. Досега од тие кои јас сум ги поставил , не гледам дека има некои недостатоци, туку напротив, тие добро си ја работат работата.
– Ние во моментов имаме неконзистентни плати. Вие може да имате директор или член на управен одбор на јавно претпријатие кое работи со загуба, а при тоа да имаат плати поголеми од министри, додаде тој.