Ковачевски: Затворањето на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј беше планирано согласно енергетската стратегија

Затворањето на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј беше планирано поради нашата стратегија за ориентирање кон почисти извори и овие објекти беше во план, поради должината на нивнито животен век. Но, тоа беа планови пред да почне војната во Украина, поради што овој план се одложува, поради настанатата енергетска криза, посочи премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на денешната пресконференција.

Тој појасни дека од почетокот на кризата била издадена задача до ЕСМ да го зголеми производството, што и било реализирано иако ЕСМ работи со стара технологија, и има опасност од испад на блоковите, што би довело до потреба да се увезе енергија.

– Засега немаше увоз на енергија за регулираниот пазар, што значи она што го поставивем како план е реализирано. Досега не сме имале ниту еден ден без енергија, иако земјите во наша околината се соочија со рестрикции, некои дури и по шест часа во ден. Дополнително, иако град Скопје одби да помогне во обезбедувањето парно греење за скопјани, што е нивна обврска, ние ја преземавме и имаме топлинска енергија за главниот град, и тоа по субвенционирани цени од првиот ден согласно законот – истакна Ковачевски, кој ги потенцираше енергетските потреби на државата во контекс на одлуката на опозицијата да ја блокира позајмицата од ЕБОР.

Според премиерот кредитот е по најдобри услови, само со ниво на либор каматна стапка, но тој беше изблокиран од опозицијата во Собранието.

– Заради неодговорното однесување на опозицијата, банката ги пренамени пари за други цели, со што на Македонија и се ускрати да користи средства со ниска камата. Според опозицијата, согласно националната стратегија треба сукцесивно да се затвораат централи на јаглен, какви што имаме во сите земји од ЕУ, но поради војната, со писмо од министерот за економија, беше договорено да се одложи исклучувањето на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, односно договорот е ревидиран, и работниот век ќе биде продолжена, но бидејќи опозицијата го блокираше законот, средствата од ЕБОР кои стоеа настрана веќе се пренаменети за други цели, и ние сме ускратени од користење финансии по поволни услови. Сепак, бидејќи отворивме преговори со ЕУ, а ММФ ја потврди макроекономската стабилност, добивме кредит од Дојче банк, 50 милиони од Естре банк, но и инструмент од ММФ, и дополнително ЕК ни додели 80 милиони гранд кои може да ги повлечеме во јануари за енергетски потреби – потенцираше Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.