Доцна попладнево на излезот на Прилеп кај Лагово на патот кон Битола се случи тешка сообраќајна незгода во која според првичните информации на битолската полиција едно лице загина, а најмалку еден патник е тешко повреден. Во сообраќајката учестувале две патнички моторни возила, едното со скопски регистарски ознаки, а другото со битолски.
Починатото женско лице како што велат од полицијата било во автомобилот со скопски регистарски ознаки. Друго лице кое е повредено било транспортирано на клиниките во Скопје. Заради сообраќајката патот Прилеп-Битола неколку часа беше затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваа по стариот пат.