Фудбалскиот клуб Победа застана зад своите навивачи. Клубот ќе покрие дел од казните со кои од навивачката група “Мајмуни” се соочија при судирот со полицијата на дуелот со Вардар во Скопје.
Пет лица од навивачката група тогаш добија високи казни во висина и до 3000 евра, а во тек е и процедура за ирекување на уште 11 казни.
Од навивачката група “Мајмуни” изразија благодарност, до управата на клубот и фудбалерите кои исто така им помогнаа на навивачите.
А.Г.