Клоп славеше како мало дете: Оваа негова реакција докажува дека фудбалот е повеќе од работа за него (ВИДЕО)

Ливерпул со голот на Ориги во последните секунди од натпреварот, со 1:0 го доби градското дерби против Евертон и забележа нова победа.

Тимот на Јирген Клоп остана на два бода заостаток зад водечкиот Манчестер Сити и ја продолжува битката за титула без пораз во премиерлигашката сезона.

Ливерпул атакуваше на три бода во текот на целиот натпревар, шансите се нижеа една по една, но “црвените” не успеваа да ја затресат мрежата на Пикфорд.

Сепак, во 96-та минута, токму Пикфорд беше виновникот за постигнатиот погодок на Ориги, а Клоп прослави на оригинален начин.

Во продолжние и победничкиот погодок:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.