Oсновното училиште “Климент Охридски” од Прилеп веќе традиционално почна да запишува успеси на Олимпијадата по англиски јазик Hippo.
Помеѓу 83.000 учесници од околу 60 држави, дури тројца ученици од ова училиште се пласираа на Европските квалификации во Лидо ди Јесоло, Италија.
Ланскиот светски првак Вања Ѓорѓиоски, повторно ќе ја претставува Македонија помеѓу најдобрите во Европа, во категоријата Hippo 2, а заедно со него ќе се натпреваруваат и Анастасија Јагуриноска, во категоријата Hippo 1, како и Никола Талевски во категоријата Little Hippo.
За пофалба секако се и нивните ментори, кои имаат најголем удел во успесите на учениците: Фросина Ацевска, Соња Ташкоска и Зорица Трајаноска.
Да им поскаме среќа на Олимпијадата во Италија и да се гордееме на успехот на овие наши талентирани деца.