Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е спортист на Македонија за 2016 година според Агенција за млади и спорт.
Ова е третпат Лазаров да биде прогласен за спортист на Македонија во тековната година.
-Се чувствувам гордо и задоволно да бидам избран за најдобар спортист во оваа наша земја. Минатата сезона беше турбулентно успешна за нас. Но, од грешките се учи, во иднина ќе бидеме подобри. Спортот инспирира и обединува, а ние во последно време како земја, како Македонија, не делуваме така обединето. Се надевам дека тоа ќе го решиме и сите ќе се обединиме и ќе ја претставиме земјата која ја сакаме на најдобар начин.Ќе одиме на Светско првенство скромно, вредно работиме и повеќе од сигурен сум дека имаме и оваа наша земја не треба да се грижи за својата иднина. Нè очекуваат тешки натпревари, иако веројатно за првпат одиме како аутсајдери. Ја подмладивме репрезентацијата и ако сме обиденети можеме да изненадиме, изјави Лазаров.
Нашиот најдобар ракометар се враќа во Маврово на завршните подготовки со репрезентација, на кои се приклучи вчера.