“Кире, лицето на ВМРО-ДПМНЕ, повика на улица и борба до крај, ама по масовноста на протестиве за струјава…”

Фејсбук статус на потсекретарот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Михаилов

“Животот е краток, а Македонија е вечна!

Кире Михаилов исто како Зоран Заев, Сашо Мијалков и сите останати е само капка од вечноста наречена Македонија!

Сите сме исти и пред Бога, различни сме само по делата.

Некои се предавници, некои сме предадени, а некои само неми набљудувачи!

На крајот од денот, сите сме деца на Македонија, некој да ја предаде, некој да ја брани, а некој, повторно само немо да набљудува.

Перото на историјата ќе суди секому, тоа ниту престанало, ниту ќе престане да пишува.

Му благодарам на Зоран Заев и СДСШ што ме избркаа од работа заради Македонија затоа што очигледно доаѓа време комитско, а таму ќе бидам секојдневно повеќе од потребен.

Доаѓа ново време, време во кое улицата можеби ќе биде нашиот нов дом!

Доаѓа ново време,време во кое Македонија онаква каква треба да биде, ќе биде нашиот нов сон!

Во предизборието напишав, за Македонија прифаќам и отказ – го добив!

Во постоизборието, во предадена и изгнасена Македонија ќе напишам, за неа и животот е премалку да го дадам!

Се гледаме на браникот на татковината, секаде и секогаш каде е потребно, до денот кога Сонцето повторно ќе го помилува утрото во Македонија, онаква каква ја сакаме, онаква каква треба да биде”, напиша Михаилов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.