Кире Лазаров: Ние Македонците сме за беља родени

Стварно ми е жал што пропуштивме уште една шанса. Ние Македонците сме за беља родени, направивме беља и им го визиравме патот на Франција и Полска во полуфиналето. Правиме за другите, за нас не знаеме да си направиме. Рано е за анализи, ни останува уште еден меч против Белорусија, треба да го добиеме како знаеме и умееме, изјави капитенот на македонската машка ракомента репрезентациија по мечот со Норвешка во кој Македонија ремизираше, 31-31 на ЕП во Полска.

 

kire-lazarov-640x441

Лазаров укажа дека имало промена во играта на почетокот од натпреварот, споредено со претходниот дуел против Хрватска.

-Почнавме со една измена, за разлика од Хрватска каде што почнавме со 2 до 3 измени и тука добивме на сигурност, знаеме да играме ракомет… Карактер имаме, ова се искусни играчи, покажавме дека сме добро тактички подготвени, но не издржавме на крај, не издржавме на крај и навистина е жалосно, имавме пет разлика, тоа треба да се проанализира. Не можете да бидете задоволни со нерешено кога сте имале водство од пет разлика против една Норвешка. Ние не бевме толку слаби против Хрватска, туку се растуривме на почетокот, изгубивме глава. Што е тука е, покажавме карактер, одиме до крај по патот по кој сме тргнале. Верувам дека ќе извојуваме победа, тоа е наша обврска, се надевам дека нема да биде инфарктна. Мора да победиме, ќе се подготвиме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.