Заврши средбата во Прилеп на секретарот Кирацовски, но по се’ изгледа многу прашања останаа неодговорени…?
– Од Прилеп, градот херој кој секогаш бил на страната на слободата, на прогресивната идеја, порачуваме дека конечниот Договор со кој се става крај на деценискиот спор е патриотски чин. Затоа што со Договорот се гарантира и зајакнува македонскиот идентитет, затоа што се обезбедува иднината на граѓаните и државата како полноправна членка на НАТО и ЕУ.
Македонски јазик, македонски народ, македонско оро, Македонци, македонски, обезбедени еднаш засекогаш!
Тоа не е капитулација, туку значаен, историски успех за народ којшто бил негиран и оспоруван.
Граѓаните ќе го имаат последниот збор. Волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка, напиша Кирацоски на својот Фејсбук профил.