Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија, вели поранешниот генерален секретар Александар Кирацовски во интервју за „Фактор“.
Тој посочи дека земјава и претходно се соочувала со многу поголеми политички и општествени турбуленции во минатото, па сме се справиле и како граѓани и како држава.
„Само ќе ве потсетам на периодот после објавувањето на „бомбите“, протестите и кампот на слободата,пржинските преговори, преодната власт ипостизборниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, кој трагично заврши, но стави крај на режимското владеење.
Така што на актуелната политичка ситуација гледам како на еден нормален тек во кој граѓаните очекуваат резултати, особено на планот на правдата и економијата.Ние како власт, откако ги отворивме европските перспективи макотрпно работиме токму на тој план, а опозицијата, која сеуште не можи да се ослободи од груевистичката мантра, лови во матно и од секоја ситуација, бивало или не, сака да произведе политички поени.
Она што допрва не предизвикува како политички чинители се секако законот за судбината на СЈО, пописот, а најверојатно за скоро и изборниот законик, но сметам дека политичката зрелост и иднината на државата, кај сите нас преовладува пред партиските или поединечните интереси. Како и да е, земјата евидентно е пред официјален влез во НАТО и одредување на датум во октомври за почеток на преговорите со ЕУ, наша децениска заложба и заземање на местото каде што и вредносно и цивилизациски припаѓаме“, вели Крацовски.
Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.