Кирацовски во бopба пpoтив kpиминалците во политиката

Kpивичните дела кои ги извршиле функционерите, да не застаруваат лесно – ова е целта на предлог-законот кој од денес влегува во собраниска процедура.

Подносителот, пратеникот Александар Кирацовски вели дека со овие измени во Kpивичниот законик, застареноста на делото ќе се зголеми на трипати подолг рок од пропишаната казна. Тој ги повика и пратениците од опозицијата да дадат поддршка, бидејќи застареноста на делата во земјава, вели се голема забелешка и од меѓународниот фактор.

Опозицијата дава позитивни сигнали. Предлогот на Кирацовски ќе го надополнат со нивните познати барања – испитување на потекло на имот на функционерите, укинување на амнестиjaта за политичари и оние кои веќе се аболициpaни да не може да станат функционери.

Идејата за ваквиот предлог-закон од СДСМ велат дека е застареното дело на поранешниот премиер Никола Груевски за судскиот предмет Траекторија. Во случајот беше обвинет за “примање награда за противзаконито влијание” при изградбата на кинеските автопати, дело кое носи тригодшна затворска казна, но бидејќи поминаа шест години оттогаш – во октомври делото застаре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.