КИНЕСКИ ЕКСПЕРТ: „Кога целиот свет ќе се воздржи да не излезе од дома четири недели, ќе можеме да го запреме Ковид-19“

Шефот на кинескиот тим на клинички експерти за „Ковид-19, Чан Венхун, им порача на европските земји дека можат да заборават дека пандемијата ќе заврши во блиска иднина, и наместо тоа, да се подготват за битка која би можела да трае до две години, пренесува Sout China morning.

Сосема е нормално вирусот повторно да се појави и да исчезне, и ако сето тоа трае една или две години. Заборавете дека пандемијата во Европа ќе заврши наскоро “, рече кинескиот експерт.

Според него, властите на европските земји би можеле брзо да го запрат ширењето на вирусот со само „исклучително радикални“ мерки.

На пример, целосно суспендирање на секоја активност во земјите и целосно затворање на границите. Сепак, како што истакна, Германија, како и другите европски земји, нема да се согласи на ова.

Ако целиот свет можеше да се воздржи да не излезе од домачетири недели, ќе можеме да ја запреме пандемијата“, вели експертот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.