Истражувачи користејќи матични ќелии и генетски инженеринг од две женки, создадоа 29 целосно здрави единки кои се способни да се репродуцираат.
Глувците кои тие ги добија се способни да имаат сопствени потомци, но и женките останале способни да го продолжат процесот на репродукција.
“Сите потомци се нормални и можат да имаат сопствени потомци”, пишува британски Индепендент. На другата страна, за време на истражувањето создадени се и единки од два “татковци”, но тие не преживеале долго. Во истражувањето кое е објавено во списанието “Cell Stem Cell”, пишува дека матичните ќелии и целното менување на гените го олеснуваат овој процес.