Кинеските доктори во Италија: “Затворете се’ ако сакате да се спасите”

Гувернерот од регионот на Ломбардиа, Атилио Фонтана вчера утрото одржа прес-конференција за медиумите заедно со претседателот на Црвениот крст на Кина, кој што во Италија пристигна со една екипа на лекари, кои што јасно препорачаа што треба да се направи за да се надмине хаотичната состојба во Италија.

-Потребни се силни мерки. Доколку сакате да спасите човечки животи, затворете се, нема друго решение во овој случај. Низ ова што поминувате, ние претходно поминавме во Вухан. Голем е бројот на заразени со коронавирусот во Италија. Исто така се зголемува и бројот на пациентите во болниците, а истовремено се зголемува и бројот на жртвите. Доколку мерките за изолација се зголемат, многу е полесно да се менаџира ситуацијата. Сега за сега треба да се затворат сите економски активности. Сите жители треба да останат дома, во карантин. Сите треба да бидат подготвени за да се намали проширувањето на оваа пандемија, со цел да се соасат човечки животи. Друго решение не постои, порачаа кинеските лекари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.