КИНЕСКИОТ ЗМЕЈ ВЛЕТУВА ВО СИРИЈА: Кина и официјално влегува во борба против терористите!

putin_kinez

Си Џинпинг, претседателот на Кина, изјави дека неговата држава ќе ја засили соработката со светот во решителната борба против тероризмот, по новото убиство на кинески државјани, јавуваат британските медиуми.

Кинескиот лидер силно го осуди нападот на џихадистите во хотелот Радисон блу во Мали, во кој меѓу загинатите се и тројца директори на државна кинеска корпорација за изградба на железници.

„Кина ќе ја засили соработката со меѓународната заедница во решителната борба против терористичкото насилство во кое страдаат невини луѓе. Тука станува збор за одржување на мирот и стабилноста“, истакнал Си во соопштението постирано на официјалната интернет страница на кинеското министерство за надворешни работи.

Убиените директори биле на преговори за соработка со владата на Мали, и иамле состанок во хотелот во моментот на нападот. Спасени се други четворица кинески државјани.
Овој напад следи само неколку дена откако припадници на Исламска држава во Ирак го убија кинескиот заложник Фанг Џингхуи, заедно со Норвежанецот Јохан Гримсгард.

Пекинг го лоцирал Фанг во ирачката покраина Анбар и напредувал во преговорите за негов откуп, но засилувањето на руските и француските воздушни напади предизвикало хаос во организациската структура на исламистите. Каналите за преговори биле пресечени и бидејќи на исламистите итно им биле потребни пари, а не ги добиле, го убиле Кинезот.
Кинеските медиуми веднаш потоа пишуваа дека убиството на заложниците за време на самитот Г20 е објавување на војна кон целиот свет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.